| четврток, 6 декември 2018 |

Кадик: Франција ве поддржува на патот кон интеграциите, побрзајте

Премиерот Зоран Заев, попладнево се сретна со Оливие Кадик, сенатор од Република Франција и претставник на француските државјани надвор од Франција, придружуван од амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.

„Ве поддржуваме на патот кон интеграциите, побрзајте е пораката што ја пренесе францускиот сенатор Кадик. Тој оцени дека претстојниот референдум во Македонија е премин кон продолжување напред“, соопштија од Владата.

Премиерот Заев рекол дека очекува успешен референдум во Македонија.

„Верувам дека референдумот ќе успее, затоа што големо мнозинство од граѓаните во Македонија е за членство на нашата држава во НАТО и ЕУ. А сите граѓани сакаат и заслужуваат квалитетен живот во својата родна земја, што ќе го овозможат тие интеграции“, рекол премиерот Заев.

На состанокот, амбасадорот Тимоние го поздравил начинот на којшто Македонија ги решила билатералните прашања со соседите, во интерес на стабилноста, безбедноста и перспективите на целиот регион и изрази надеж дека ваквата пракса ќе биде охрабрување за сите држави од регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top