| четврток, 6 декември 2018 |

И Вишка лета орли претставувајќи ја Република Македонија (ФОТО)

Министерот за култура Асаф Адеми со делегација, во која е и советникот во Министерството, актерот Висар Вишка, се во официјална посета на Република Албанија, која ја искористија за тоа за што се појдени, официјални средби со албанскиот државен врв и министеркатаа за култура на Албанија.

Но, актерот Вишка си даде дозвола, претставувајќи ја Република Македонија, во прв план да ја стави својата етничка припадност и да лета орли за државни пари.

Никој не му го скратува правото на Вишка да биде Албанец, но не смее да заборави дека е државен службеник во Владата на Република Македонија. Орли летање – на свој трошок!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top