| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов со фашистички методи ги замолчува студентите и Бојкотирам (ФОТО)

Млади за Македонија го обвини градиначалникот на Скопје Петре шилегов дека издал наредба на градското обезбедување да ги отстрани активистите на Млади за Македонија.

„Пред помалку од 1 час власта започна со задушување на теренската кампања на кампањата “Бојкотирам”. Шилегов на обезбедувањето на Град Скопје им нареди да ги отстранат активистите на Млади за Македонија од пред споменикот на Александар Македонски и да ја прекинат агитацијта за бојкот на референдумот.

Правото на изразување на мислење е основно човеково право и никој нема право да го одзеде тоа наше право. Со денешниот акт власта само потврди дека се служи со фашистички методи и дека ја води кампањата со злоупотреба на јавните институции и државните пари. Исто така, сакаме да напоменеме дека уште на самиот старт на кампањата нашиот штанд во Охрид веќе беше демолиран. Вчаста се служи со валкана кампања, но ние сме тука да за да се бориме за нашата татковина Македонија!

Никогаш Северна, Секогаш Македонија!“, пишува во соопштението на Млади за Македонија објавено на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top