Основниот суд го прогласи за виновен и му одреди затворска казна во траење од шест месеци на Матија Каников, лицето кое ја нападна новинарската екипа на А1он за време на протестите на „За заедничка Македонија“ на 28 февруари минатата година, објави А1 он.
Судијката Марија Клетничка Марковска напомена дека при донесување на одлуката предвид се земени сите олеснителни и отежителни околности.
Јавното обвинителство во текот на доказната постапка приложи над 1 час видеоматеријали и фотографии како докази за делото.
Оштетените претходно во постапката се изјаснија дека се приклучуваат кон материјално побарување.
Осудениот Каников има право на жалба до Апелациониот суд во рок од 15 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст