| четврток, 6 декември 2018 |

Не чита и не го интересира закон: Џолев го инволвира судот во политичко барање за смена во независна комисија

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев спротивно на законите врши хајка против неистомисленици.

Џолев изврши преседан со барањето за разрешување на Александар Даштевски, од Комисијата за за утврдување на дискриминација, само затоа што утврдил дискриминација во случајот со судијката Кацарска, а во врска со случајот со Јанкулоска која е обвинета во предметот на СЈО  „Тенк“, без да ги испочитува законските процедури.

Барањето, како што информира претседателот на судот, Иван Џолев, на денешната средба со новинари, е поднесено поради злоупотреба на службената положба и нестручно и несовесно вршење на функцијата. Поради истата причина, како што кажа, судот не го прифати и барањето за изземање на судијката Добрила Кацарска поднесено од бранителите на Гордана Јанкулоска.

Според Џолев, станува збор за преседан и недозволен апсурд во судската светска пракса.

– Сметаме дека тоа е мешање во судската власт. Судот утврдува дискриминација кон некого, а не генерира. Доколку судијката постапувала лошо кон некого може да достави претставка по која одлучува судот, рече Џолев и додаде дека не може Собранието да утврдува дискриминација од судија.

За Даштевски посочи дека постапувал надвор од својата обврска и нестручно.

Согласно закон, мандатот на член на Комисијата може да му престане единствено согласно условите од чл.22 од Законот, односно со смрт на вршителот на должноста, ако сам го побара тоа, ако со правосилна одлука му е изречена забрана за вршење професија дејност или должност, со правосилна судска одлука е осуден на казна затвор од над шест месеци или по кој било основ е казнет за дискриминација, трајно ја загуби психофизичката способност за вршење на функцијата и нестручно, пристрасно и несовесно ја врши функцијата.

Имено согласно Закон, Џолев не може да побара разрешување, а уште помалку неговото барање законски може да резултира со разрешување, истото е само притисок врз сите кои размислуваат поинаку од апологетите на актуелната власт.

Ставот на Комисијата е дека Кацарска се однесувала дискриминаторски со Јанкулоска во текот на постапките. Констатацијата е дека Кацарска се однесува непрофесионално и доскриминаторски во сите случаи на СЈО кои ги води.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top