| четврток, 6 декември 2018 |

Се јави ќерката на Мерилин Монро и Џон Кенеди

Ако ДНК-анализата покаже дека Гледис е ќерка на Мерилин Монро и Џон Кенеди, се проценува дека ќе добие 100 милиони долари, колку што изнесува богатството на починатата актерка, а кое секоја година се зголемува за пет милиони долари

Гледис Бејкер Морис (56) тврди дека е ќерка на холивудската ѕвезда Мерилин Монро и американскиот претседател Џон Кенеди. Таа најголемиот дел од животот верувала дека е далечна роднина на починатата глумица, односно ќерка на нејзината роднина Мередит Бејкер, пишуваат американските медиуми, пренесе репортер.мк
Гледис неодамна почнала постапка за докажување на потеклото и побарала да се направи ДНК-анализа што треба да потврди дали е ќерка на Монро и Кенеди или не.
„На смртната постела мајка ми ми призна дека сум посвоена и дека мои родители се Мерилин Монро и Џон Кенеди. Ми кажа дека Мерилин се плашела дека браќата Кенеди ќе ја убијат и неа и нејзиното дете ако дознаат за бременоста, па се породила во тајност и набрзо по моето раѓање ме скрила кај неа“, раскажала Гледис.
Гинекологот на ѕвездата пред многу години открил дека Мерилин имала два спонтани абортуса, но дека во 1961 година останала бремена, па родила ќерка во 1962 година. Тоа се поклопува со раѓањето на Гледис. Иако и други жени тврдат дека се ќерки на Монро и Кенеди, Гледис е единствената што има оригинален извод од книгата на родените и документи од посвојувањето што го потврдуваат нејзиното потекло.
Ако ДНК-анализата покаже дека Гледис е ќерка на Мерилин Монро и Џон Кенеди, се проценува дека ќе добие 100 милиони долари, колку што изнесува богатството на починатата актерка, а кое секоја година се зголемува за пет милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top