| четврток, 6 декември 2018 |

Ла Лига ќе инкасира 200 милиони евра од натпреварите во САД

Првиот натпревар од шпансакта Примера, меѓу Жирона и Барселона, скоро сигурно ќе се одигра во САД, изјави шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас. Тој откри дека лигата ќе заработи 200 милиони евра од натпреварите во Северна Америка.

– Жирона – Барселона 90 отсто ќе се одигра во САД, но договорот не е само за еден натпревар. Станува збор за проект кој е многу поголем, вели Тебас во интервју за радио „Онда Черо“.

Ла Лига потпиша 15-годишен договор со американска компанија „Релевант“.

– Организиравме аукција во која учествуваа многу компании. Од клубовите не се бара да играат еден натпревар годишно во САД. Само тимовите кои имаат желба ќе учествуваат во овие натпревари. Но, тоа е повеќе од еден натпревар. Станува збор за стратегија и спонзорство, додаде шефот на Ла Лига.

Тебас потврди дека дуелот меѓу Жирона и Барселона ќе се игра на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, кој е со капацитет од 65 илјади места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top