| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров за Курц: На Австрија сме ѝ потребни за да бидеме сиромашен и грд штит од бегалците

Како говореше Никола Димитров, актуелниот министер за надворешни работи на Македонија пред две години, во 2016 година?

„Европската комисија вели дека Македонија е заробена држава. Австрискиот МНР Курц дојде во Скопје за да им даде поддршка на зарбобувачите“ Нека не ве чуди. Поддршка за проширувањето во Австрија е најниска во Европа – 71 отсто се против. Ќе поддржуваат автокркати па потоа ќе велат дека нема доволно демократија, правда и борба против организиран криминал и корупција за да почнеме преговори. За друго им требаме. Да бидеме авторитарен, сиромашен и грд штит од бегалците, сива зона каде царува корупцијата, додека младите ни се селат во Европа“ пишуваше Димитров во 2016 година.

Денеска Курц е во посета на Македонија. Тој утринава беше примен во Владата на Македонија која ја предводи СДСМ. Истата партија која плукаше по Курц, а сега го повика на помош пред одржување на референдумот на 30 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top