Синоќа околу 22 часот на регионалниот пат Тетово – Пирок, во с. Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Џ. (19) од с. Боговиње, тетовско и патничко возило „Ауди“, управувано од И.Г. (35) од тетовско Ново Село.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „Голфот“, Ф.М. (20) од Боговиње. По укажаната помош во тетовската клиничка болница, тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Со телесни повреди се здобиле здобиле тројца сопатници од возилото „Ауди“. По укажаната помош, двајца биле пуштени на домашно лекување, а Ш.Г.(55 ) бил задржан во болницата на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст