Српскиот претседател Александар Вучиќ ја заврши средбата со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и се враќа во Белград, јави Танјуг.
Вучиќ си заминал од зградата каде што се наоѓа седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел и веднаш се упатил кон аеродром од каде ќе отпатува за Белград.
Состанокот на Вучиќ со Могерини траел повеќе од еден час.
Српскиот претседател до вечер нема да и се обраќа на јавноста, а се уште не донел ниту одлука дали ќе се откаже од посетата на Косово, поради, како што кажа директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ, „сите измами, закани и лаги на косовските Албанци“.
Приштинската делегација се уште е во седиштето на европската дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст