| четврток, 6 декември 2018 |

Перез: Интер сакаше да го земе Модриќ без оштета, никогаш не сум видел нешто слично

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез откри дека екипата на Интер сакале да го земат Лука Модриќ без оштета.

– Никогаш порано не сум видел тим да сака да го купи нашиот број 10 без да ни плати. Ова ми се случува првпат во животот, прокоментирал Перез во интервју за радио „Кадена Копе“.

Перез обвини дека раководството на Интер било во преговори со Лука Модриќ, без дозвола на европскиот клупски шампион. ФИФА на крајот одлучи да не го казни Интер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top