| четврток, 6 декември 2018 |

Можело и на Балканот: 400.000 евра бонус за вработените

По успешно завршената сезона, сопствениците на еден црногорски хотел ги изненадија своите вработени и заедно со августовската плата им доделија големи бонуси. Одборот на директори на „Maestral Resort&Casino“ минатата недела едногласно одлучил вработените да бидат наградени со бонус со вкупна вредност од 400.000 евра.

Акционерите на овој начин сакале да ја покажат својата благодарност кон вработените, кои со својата работа влијаеле на добриот резултат и успехот на хотелот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top