| четврток, 6 декември 2018 |

Одржана јавна дебата за дисперзијата на градските болнии на повеќе точки на територија на Скопје

Во организација на Министерството за здравство  беше одржана јавна дебата на тема „Потребата од дисперзија на градски болници на повеќе точки на територијата на град Скопје“. На дебатата, како панелисти, учествуваа доц. д-р Венко Филипче, Министер за Здравство на Република Македонија, прим. д-р. Иван Спировски, в.д. Директор на Универзитетската Клиника по Хируршки Болести „Св. Наум Охдриски“ – Скопје и г-дин Иван Арсовски, д.и.а. (планер – урбанист) во Агенција за планирање на простор.

– Сите ние, вработени во здравствениот систем имаме една основна цел – да им овозможиме на пациентите максимално квалитетна здравствена услуга. Скопје е речиси милионски град, распослан по должина на повеќе од 30 километри и има прекумерно густ сообраќај и дневна миграција на повеќе од 100.000 граѓани, па оттука се јавува и потребата од постоење на повеќе Болници во Скопје кои ќе имаат болнички и логистички капацитети да прифатат доволен број пациенти со различна дијагноза, од различен карактер и многу често со потреба од итна реакција. Доволен број на Градски Болници ќе значи и намалување на притисокот врз терциерното ниво на здравствена заштита, пред се од големата фреквенција на сите оние пациенти со здравствени состојби кои реално може да бидат третирани на секундарно ниво, а поради пребукираност или недостапност на тоа ниво, имаат потреба да завршуваат во здравствена установа од терциерно ниво. Денес разговаравме за сите овие аспекти и проблеми – во каков правец да се развие и дисперзира секундарната здравствена заштита во Скопје преку отворање на Градски Болници на повеќе точки низ градот – изјави Министерот за Здравство доц. д-р. Венко Филипче.
По завршувањето на јавната дебата беа презентирани идејните решенија кои учествуваа во конкурсот за идеен проект за новата Градска Болница во општина Аеродром.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top