Вчерашната судска седница која се однесуваше за обвинетите од 27 април траеше маратонски скоро 12 часа, од утрото до доцна во вечерта. Судењето продолжува и денес со почеток од 10 часот.
Обвинетите кои се лоцирани надвор од Скопје се соочуваат со уште поголеми тешкотии поради маратонските судења од ден во ден. Имено за истите денот завршува после полноќ, а почнува рано утрото во 06 часот, кога треба да тргнат кон Скопје. Ваквиот набиен распоред е надвор од хуманите услови и принципот на правичност, што оневозможува истите целосно да бидат подготвени.
На денешното судење како сведоци ќе бидат сослушани Никола Тодоров, Весел Мемеди, Оливер Спасовски и Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст