| четврток, 6 декември 2018 |

РФМ ќе му го одобри брањето за раскин на договорот: Кузмановски се сели во Еурофарм Работник

Македонскииот репрезентативец, Филип Кузмановски го очекува потребниот документ за раскин на договорот со Металург. А битката за левиот бек на нашиот национален тим, на крајот ја доби амбициозниот тим од Битола, Еурофарм Работник.

Како што јавува Спортмедиа, уште од стартот битолчани му понудиле „тежок” договор, сличен како оној од Мотор Запорожје, и на крајот македонскиот репрезентитивц се решил да остане во својот роден крај.

Кузмановски денеска очекува целосна разврска во случајот „Металург”, а по се изгледа дека на сагата и дошол крајот и тој од РФМ ќе го добие потребниот документ за раскин на договорот со тимот од Автокоманда со кого побара раскин поради неисплатени плати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top