| четврток, 6 декември 2018 |

Евробирократите се изјаснија: Во Брисел е премногу валкано и премногу несигурно

бриселСлужбениците на ЕУ не го сакаат Брисел во кој живеат изолирано и по истекот на мандатот сакаат да се вратат во своите земји, пишува виенскиот весник „Пресе“ повикувајќи се на истражување направено во главниот град на ЕУ.

„Тешко дека некој сака да остане тука долго: Според истражувањето на околу 100.000 вработени во институциите на ЕУ и поврзаните институции во Брисел, само шест проценти сакаат да останат засекогаш во белгискиот главен град. 80 проценти ги нервира тоа дека Брисел е премногу валкан. Околу половина се чувствувале несигурно заради високата стапка на криминал. 74 проценти кои работат тука сакале градските власти да го уредат квартот каде што се лоцирани институциите на ЕУ“.

Но, на изненадување, како што пишува „Пресе“, се цени градскиот живот во Брисел. Посебен акцент е ставен на добрата храна, распределбата на станови, на многуте паркови во градот, а здравствениот систем е добредојден.

Во просек службениците на ЕУ не поминуваат повеќе од десет години во Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top