| четврток, 6 декември 2018 |

Курц: Решавањето на прашањето за името е голема шанса за динамиката на Македонија

Прашан што ќе се случи ако договорот не помине во Грција, Заев рече дека очекува двете земји да си го завршат својот дел од работата и тој да биде ратификуван во грчкиот Парламент, а процесот целосно д биде завршен. Тоа е добро и за Македонија, и за Грција, за региониот и за ЕУ, нагласи Заев

Решавањето на прашањето за името е голема шанса за динамика на Македонија и на целиот регион. Го поздравувам постигнатиот компромис и ги повикувам граѓаните да учествуваат на претстојниот референдум и да гласаат „за“ договорот и „за“ европската перспектива на Македонија, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

– Тоа е одлука на секој поединец и навистина не е мое да ја направам одлуката за некој друг, но како пријател на Македонија и како активна земја членка на ЕУ ние ќе сметаме дека би било многу позитивно доколку има големо учество и позитивен исход на референдумот, изјави Курц, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Курц рече дека Австрија е пријател на Македонија и сака да имаат заедничка иднина.

– Европската унија нема да биде комплетна без Македонија и земјите во регионот, додаде Курц

На новинарско прашање каква е неговата порака до опозициската ВМРО-ДПМНЕ со која се сестрински партии во ЕПП, Курц рече дека е сосема иста како и до граѓаните – важно е Македонија и балканските држави да имаат европска перспектива и да ја искористат, а дел од тоа е и решавањето на прашањето за името.

Премиерот Заев истакна дека посетата на Курц е силна порака и поттик за нас во пресрет на референдумот на кој граѓаните ќе ја изберат иднината, ќе го дадат својот глас за одоброување на договорот со Грција со кој се гарантира местото на Македонија во ЕУ.

Прашан што ќе се случи ако договорот не помине во Грција, Заев рече дека очекува двете земји да си го завршат својот дел од работата и тој да биде ратификуван во грчкиот Парламент, а процесот целосно д биде завршен. Тоа е добро и за Македонија, и за Грција, за региониот и за ЕУ, нагласи Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top