| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Австриецот Курц пречекан со знаме на Латвија

Голем кикс на влалдиниот протокол се случи утринава кога во Скопје пристигна Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц каде пред Владата беше пречекан од премиерот Зоран Заев.

Наместо знамето на Австрија беше поставено она на Летонија.

Знамињата на двете земји се слични, црвено со бела лента на средина, со тоа што австриското е поделено на 3 еднакви делови, а во латвиското белата лента е потесна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top