Во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија, адвокатот на дел од обвинетите функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Боро Тасевски, вели дека маратонските судења треба да се анализираат од аспект на правата на обвинетите и на бранителите. Тој притоа прашува каква ефективност може да пружи еден адвокат после 20 часот, а каква ефективност може и некој од обвинетите да пружи во својата одбрана.
– Не само што не би смеело да се оди во вакво продолжено време. Судењата по сите параметри би требало да траат дури и пократко. Ова е сосема непотребно и се создава привид во јавноста дека судството многу работи и тоа е на штета на правата на бранителите и на обвинетите и тие не можат да пружат ефективна одбрана. Да не се закажуваат од ден за ден на исти обвинети. Тука имаме обемен доказен материјал и тој пристуствува на друго рочиште следниот ден и треба да формира своја одбрана со обемен доказен материјал, рече Тасевски.
Тој додава дека Судството со сите граѓани треба да поставува исто. Според него, имаме диксриминација на обвинените. Тој не памети дека вака се постапувало во редовните рочишта.
– Не паметиме да се закажат повеќе судења однапред закажани во повеќе месеци, не паметиме да се работи и после 20 часот. Овде се излегува од редовниот колосек. А секое излегување погубно ќе биде за судството. Јас сум убеден дека ваква дискриминација која се случува во различни предмети ќе остане незабележана. Гордана Јанкуловска веќе докажа дискриминација кон неа во предметот Тенк. Комисијата за дискриминацијата утврди дека таа е дискриминарана врз основа на нејзиното боледување и на нејзиното мајчинство, вели Тасевски.
Во однос на прислушуваните материјали, Тасевски потенцира дека има можност за монопол на тие материјали и затоа во континуитет се бара пристап до тие материјали. Според него и обвнинетите реагираат дека тие правеле по 100-тина разговори дневно, а во судница се пушта само еден разговор. Тие стотици разговори Тасевски вели дека не се доставени до јавноста ниту до обвинетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст