| четврток, 6 декември 2018 |

„Како да го нападнал Вулверин“ – Павар доби крампони во врат од Рудигер (видео)

Најзвучниот дуел од првото коло на Лигата на нации се игра во Минхен каде Германија е домаќин на Франција, а од раната фаза на мечот за издвојување е еден незгоден момент кој го имаа Антонио Рудигер и Бенжамин Павар.

Двајцата дефанзивци имаа еден непријатен дуел, при кој подебелиот крај го извлече десниот бек на Франција кој се здоби со лузни на вратот откако невнимателниот Рудигер го нагазна со крампони на чувствителен дел од телото.

Како да го нападнал Вулверин, е само еден од многуте коментари на социјалните мрежи за овој груб старт на Германецот. Павар експресно се пожали за потегот на противникот, а потоа со три лузни на вратот го продолжи мечот на „Алијанц арена“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top