Синоќа во местото Плетерница во Хрватска, непозната жена со долга коса, облечена во црно влегла во една куќа во населбата, а според сопствениците, таа имала намера да им го украде бебето. Таткото повикал полиција нешто пред 20 часот и го пријавил случајот.
– Беше околу 20:25 часот кога во куќата влезе непозната жена. Имаше црна долга коса, беше облечена во црн дуксер, имаше долг фустан и папучи на нозете, така ми ја опиша сопругата. Според неа, жената имала меѓу 20 и 30 години, а најверојатно изненадена што во собата ја видела мојата сопруга, брзо ја напуштила куќата, изјавил татково во полициската станица.
Тој смета дека жената имала намера да го украде нивното бебе, затоа што од куќата и другите простории не е ништо однесено.
-Доколку во некој случај мојата сопруга била во кујната или во некоја друга просторија, нашето дете повеќе немаше да го видиме, кажал мажот.
– Полицијата во Плетерница во средата доби пријава од маж за провала. Веднаш излегле и извршиле увид, но не се пронајдени никакви елементи за кривично дело, ниту опишаната жена, кажала Николина Јанковиќ, портпаролката на пожеско- славонската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст