| четврток, 6 декември 2018 |

Барсегјан и донесе победа на Ерменија

Вардаровиот фудбалер Тигран Барсегјан е најзаслужен за триумфот на ерменската репрезентација над Лихтенштајн во првиот натпревар од Лигата на Нации.

Лихтенштајн беше блиску до бод во Ереван бидејќи на 15-тина минути до крајот имаше 1-1, но во 76. минута после една добиена топка од десната страна, Барсегјан рутински погоди во гостинската мрежа. Тој влезе во игра во 55. минута.

Барсегјан само ја потврди добрата голгетерска форма откако беше стрелец и на првите три првенствени натпревари во дресот на Вардар. Не постигна гол само на дуелот со Беласица. Ерменија следниот меч ќе го игра во Скопје против Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top