| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ ја откажува посетата на Косово: Белград ќе ги прекине сите контакти со Приштина?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја откажал посетата на Косово. Како што јавува весникот Вечерње новости, добиле потврда дека Вучиќ ја откажал посетата на Косово.

– Времените власти на Приштина го известиле Белград дека на претседателот на Србија му е забрането да отиде на посета на езерото Газиводе, што претставува провокација преку која претседателот Александар Вучиќ не може и не сака да премине. Српскиот претседател е многу блиску до одлуката да ја откаже посетата на Косово и да нареди да се прекинат сите контакти со Приштина, а продолжетокот на бриселските преговори закажани за во петок, најверојатно ќе биде откажан, наведува весникот повикувајќи се на извори од претседателскиот кабинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top