| четврток, 6 декември 2018 |

Никогаш северна, секогаш Македонија – Гостиварци со транспарент со пречекаа Заев (фото)

Иако кампањата за референдумот се уште не е официјално започната, премиерот Зоран Заев и останатите членови на Владата и владејачката коалиција веќе една недела тераат силна кампања „ЗА“ референдумот за поддршка на договорот со Грција, со кој Република Македонија го менува своето уставно име во Република Северна Македонија.

Денеска премиерот Заев е во Гостивар како дел од кампањата, а таму од граѓаните беше пречекан со транспарент.

– Никогаш северна, секогаш Македонија, пишуваше на транспарентот со кој беше пречекан премиерот на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top