„Мајкрософт“ соработувал со американското разузнавање на програмата „Призма“, пишува британскиот весник „Гардијан“. Компанијата помогала во пресретнување на комуникациите на корисниците, за Агенцијата за национална безбедност (НСА) да ја заобиколи кодираната заштита на електронска пошта.
Иако компанијата претходно соопшти дека не ѝ давала на НСА директен пристап до информација на корисниците и повтори дека доставува податоци на свои корисници единствено при законски барања, весникот цитира тајни документи, доставени од поранешниот соработник на американското разузнавање Едвард Сноуден. Според него, „Мајкрософт“ работел со ФБИ и програмата за следење „Призма“. „Мајкрософт“ помогнал и во собирање видео- и аудиодосиеја од разговори на „Скајп“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


