| четврток, 6 декември 2018 |

Од тинејџерска љубов, до семејство со 4 сина: Французинката Вероник пред 30 години го освоила срцето на Зидан (фото)

Зинедин Зидан беше еден од најдобрите фудбалери на своето време, но и еден од најпосакуваните мажи на светот. За него лудувале жените ширум светот, но и сега важи за еден од најшармантните тренери во светот.

Но и покрај огромната популарност, Французинот вели дека целиот свој живот е верен на една жена. Поранешниот тренер на Реал Мадрид се запознал со својата сопруга, Вероник кога и двајцата имале 16 години. Вероник е Французинка со шпанско потекло, а за прв пат се сретнале во Кан во 1989 година. Тие се венчале пет години подоцна, а парот сефа има 4 сина: Ензо, Лука, Тео и Елајз. Интересно е што сите четворица денес играат фудбал.

Зинедин и Вероник никогаш не биле топ тема на таблоидите ниту имале афери во бракот. Својот приватен живот го чуваат за себе, а Вероник во јавноста речиси и не се појавува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top