
Една 36-годишна Индијка, нејзиниот 14-годишен син и уште три лица биле уапсени поради групно силување и ѕверско убиство на 9-годишно девојче, поќерка на уапсената жена. Злосторството се случило во областа Барамула во индиската сојузна држава Џаму и Кашмир.
Маќеата, чие име не се открива, се договорила со својот син и тројца негови пријатели групно да го силуваат девојчето. Го одвеле девојчето во шума на 24. август, каде брутално го силувале. Маќеата го гледала злосторството, а на крајот со свои раце го задавила девојчето. Потоа продолжиле да се изживуваат со нејзиното тело, за на крајот да го фрлат во грмушки на околу еден километар од нејзината куќа.
Таткото на девојчето веднаш го пријавил исчезнувањето во полиција, но телото било пронајдено дури во вторникот, на 4. септмември. А потоа клопчето почнало да се одмотува.
– Полицијата ги испрашала осомничените, а во текот на сведочењето на маќеата на виделина излегла страшната вистина за силување и убиството на 9-годишното дете од кое се заледува крвта во вените, им рекол на новинарите видно згрозениот инспектор на полицијата, Имтијаз Хусеин Мир. Искусниот полицаец заплакал додека зборувал со новинарите за тоа што злосторниците му го направиле на малото девојче.
Се воспоставило дека маќеата била љубоморна на другата жена на својот сопруг и нејзините деца, посебно на девојчето. Не и било потребно многу време да им се пожали на полицајците дека нејзиниот сопруг многу ја сакал својата ќерка и дека и посветувал голем дел од слободното време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


