| четврток, 6 декември 2018 |

Скопско Стајковци со благодарница го пречека Јенс Столтенберг

Скопско Стајковци го пречека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со благодарница за помошта во катастрофалните поплави пред две години.

Од таму тој упати порака дека НАТО е секогаш тука да помогне и е подготвена да ја прифати земјава како членка во алијансата. Но, за тоа да се случи, мора да се имплементира договорот со Грција.

Пред да го посети Стајковци, Столтенберг присуствуваше на свеченото именување на улица во Градскиот парк, која во иднина ќе го носи името на неговиот татко Торвалд Столтенберг, заради помошта на Скопје по земјотресот во 1963 година.

Столтенберг најде време да ги посети и војниците во касарната Илинден, на показна вежба на полкот за специјални операции, од каде порача дека го цени партнерството на алијансата со Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top