Ќе го БОЈКОТИРАМ референдумот поради овие 3 причини: го направија референдумот консултативен, прашањето е манипулативно и не оставаат впечаток дека се подготвени да дозволат опцијата „против“ да победи ако има повеќе гласови за неа.
Ако овие работи беа поинакви, ќе излезев на референдумот и ќе гласав ПРОТИВ. Така ќе гласав поради следните 3 причини:
1) Договорот Заев – Ципрас нема да го намали национализмот во Македонија и Грција, туку ќе го разгори. Во Македонија многумина ќе го третираат спроведувањето на договорот како повреда на нивното човеково право на самоопределување. А дел од нив ќе паднат жртви на националистичката пропаганда. Гледам дека власта има одврзани раце со репресија да се справи со радикалната десница. Но, тоа не е трајно решение за справување со национализмот. А и импликациите по демократијата се проблематични во тој случај.
2) Овој договор има единствена цел да ја напика Македонија во НАТО. Како задолжена земја, со здравство на кое му треба итно санирање, со пензиски систем кој се одржува со големи буџетски средства – трошоците за „одбрана“ што ќе мора Македонија дополнително да ги издвојува од буџетот како членка на НАТО дополнително ќе не’ осиромашат. Зголемениот прилив на странски инвестиции се приказни за мали деца. Огромните привилегии за нив што им ги даде Грујо не ги привлече во поголем обем, зачленувањето во НАТО ќе ги привлекло. Буквално – приказна за мали деца.
3) НАЈВАЖНАТА ПРИЧИНА. Се инсталира класична вазалска власт во Македонија. Бидејќи Заев ја заврши задачата која му ја даде империјалниот господар, по секоја цена да ја напика Македонија во НАТО, тој ќе добие бланко-чек да ја врши власта по свое наоѓање. Ќе се крши демократијата. „Западните демократии“ ќе молчат. Ќе се кршат човековите права. Молк ќе следи од „западните демократии. Демократски избори и смена на власта на избори – нема да има. Империјалните господари во никоја вазалска земја не ги менуваат вазалите кои добро им служат. Ние ќе ја плаќаме цената за тоа.
Знам дека повеќе сакате да слушате убави лаги. Дека ќе сме се зачленеле во ЕУ, дека ќе пораснел животниот стандард, дека ќе се подобрела безбедноста. Но, жалам, паднавме на ова дереџе меѓу другото зашто повеќе ги сакаме убавите лаги од грдата стварност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст