| четврток, 6 декември 2018 |

Нејасно е како банкротираното „Грчко електростопанство“ за 5 милиони евра ја купи ЕДС на Анѓушев два месеци пред потпишувањето на Преспанскиот договор

Само два месеци пред потпишувањето на Преспанскиот договор, Грчкото електростопанство ја купи компанијата која се занимава со трговија со електрична енергија ЕДС на вицепремиерот и близок соработник на премиерот Зоран Заев Кочо Анѓушев, што за грчката опозиција претставува сомнеж дека со тоа е направен скандал, односно грчката влада ја купила македонската и склучила договор кој не е поволен за грчката страна.

Анѓушев ја продаде ЕДС: За мене е ова и тажен и среќен ден. Таа е мое дете!

 

Грчкото електростопанство ја потврди зделката (која беше, се разбира, одобрена од нејзиниот главен акционер, грчката држава …) за сума од 4,8 милиони евра, кои се депонирани на личната сметка на потпретседателот на владата Анѓушев, „како што е пропишано со условите на договорот“, без спецификација, како што побарале од грчкото електростопанство, дали овие сметки се поврзани на каков било начин со владејачката партија на Заев…, пишува грчкиот портал Иефмерида.гр

Анѓушев сокри колку пари ќе земе од Грците за продажбата на неговата компанија

Особено треба да ја имаме предвид леснотијата со која Грчкото електростопанство обезбеди приближно 5 милиони евра, кога компанијата е во банкрот, со нефункционални кредити, недостаток на средства за модернизација и едноставно одржување на нејзините мрежи, а работниците се жалат дека не земаат плата, предурпредува грчкиот медиум и потсетува дека проблемите на Грчкото електростопанство се потврдија и со пожарите на Атика, каде најверојатно причината беше проблем со електричната мрежа односно каблите во сопственост токму на Грчкото електростопанство.

„Сепак, Грчкото електростопанство најде средства да ја купи компанијата на заменик-претседателот во владата на Заев, но … не и да ги исполни своите обврски кон снабдувачите со енергија во Грција (фарми со ветерници, соларна енергија итн.) или пак унилатерално ги намалува договорените цени со нив за нивните инвестиции …“, пишува во текстот.

Според Командантот на националната одбрана, Василис Кикилијас, „Грчкото електростопанство минатата година 2-3 пати избегнало банкрот“. За него е нејсано како успеала државната фирма да најде толку пари кога се знае дека е во лоша финансиска положба.

„Два месеца пред Преспанскиот договор, Грчкото електростопанство ја купи компанијата на заменик-шефот на скопската владата за 5 милиони евра, што може да се направи само со политички мандат. Ова прашање е големо, премногу сериозно и треба да се да се истражи, денес. Без да одговориме, во суштина, на суштествените прашања што произлегуваат од купувањето на компанијата на заменик-претседателот во Владата на Заев, се разбира, без притоа да имаме одговор на тоа кој даде налог или одобрување за купување на компанијата од страна на грчката држава, која е главниот акционер во Грчкото електростопанство“, вели Кикилијас, пишува во текстот на грчкиот портал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top