| четврток, 6 декември 2018 |

Паника на аеродромот во Њујорк: 100 заразени цел авион се држи во канатин

Авион на „Емирати“ на лет од Дубаи до Њујорк, по слетувањето на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ бил ставен во карантин откако повеќе патници пријавиле здравствени проблеми.

Патниците биле ставени во карантин откако било утврдено дека поголем број на патници биле заразени. Првичните информации од авионот биле дека патниците пријавиле кашлица и покачена температура, а заразени биле околу 100 патници.

Според првичните информации, најмалку 12 лица биле пренесени во болница, а “NBC”, повикувајќи се на извори од њујоршкиот аеродром пренесува дека лошо се чувствувале и неколку членови на екипажот на авионот.

Иако засега не е потврдено, најверојатно причината за покачената телесна температура и кашлица е поврзана со храната, а наскоро се очекува со соопштение да излезе и Центарот за контрола и превенција на болести и да ја откри конечната причина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top