Ендрит Тачи, синот на косовскиот претседател Хашим Тачи одговори на несоодветната забелешка на лидерот на опозициското Самоопределување Албин Курти, кој претходно рече дека косовскиот претседател Тачи и српскиот претседател Вучиќ станале толку блиски пријатели што останува само уште младиот Тачи да ја побара за жена ќерка му на Вучиќ.
Ендрит му порача на Курти дека му се заблагодарува, но дека има време и трпение да сочека додека ќерка му на Курти стаса за мажење.
До тогаш, напиша Ендрит на Инстаграм, мора да го разрешиме прашањето на националниот идентитет.
-Фала ти на понудата, Албин. Имам трпение да сочекам ќерка ти да порасне па да разговараме за нашата иднина, но имам еден проблем. Претходно мора да ги решиме примарното прашање на идентитетот – албанскиот, а не црногорскиот, пишува Ендрит.
Тој додава дека потеклото не се заборава, но и дека не го разбира јазикот на Владимир Куртовиќ (Албин Курти)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст