Само пет матурантки се пријавиле да го изучуваат македонскиот јазик во првиот уписен рок на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на насоката Македонски јазик (со проверка на знаења и умеења), објави „Факултети.мк“.
Четири пријавени кандидатки има на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на насоката Македонски јазик и книжевност. На УКИМ, во државната квота се пријавиле 12 кандидати на насоката Македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Поразителен интерес за изучување на македонскиот јазик има и на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на насоката Македонски јазик и книжевност се пријавени вкупно 10 кандидати.
Според конкурсот, на насоката Македонски јазик (со проверка на знаења) на УКИМ примаат вкупно 80 студенти – 40 во редовна квота, 30 со кофинансирање и 10 вонредни. Дополнителни 80 студенти (40+30+10) примаат на Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, каде што се пријавиле само 12 кандидати. На УКИМ за вкупно 160 слободни места се пријавиле само 17 кандидати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст