| четврток, 6 декември 2018 |

Три месеци условна казна за полицајците кои го фотографираа Чавков во „Идризово“

На 30 ноември 2017 година првообвинетиот како службено лице што било на стражарска кула го забележал Чавков, па искористил поволен момент и преку прозорското стакло без негова согласност, го фотографирал, повредувајќи му ја приватноста

Условни казни затвор од три месеци добија двајца полицајци за неовластено фотографирање и објавување на фотографијата од ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков во затворот во Идризово. Ова го потврдиле од кривичниот суд за А1он.

Обвинителството поднесе казнени налози за двајца обвинети.

-Донесена е неправосилна првостепена пресуда, со која двајцата обвинети се огласени за виновни за кривичното дело Неовластено снимање од член 152 с. 2 в.в. ст.1 од К3 и им се опреледува алтернативна мерка – условна осуда во траење од 3 месеци затвор, кој нема да се реализира, доколку во следните 2 години не сторат друго кривично дело – велат од судот за А1он.

На 30 ноември 2017 година првообвинетиот како службено лице што било на стражарска кула го забележал Чавков, па искористил поволен момент и преку прозорското стакло без негова согласност, го фотографирал, повредувајќи му ја приватноста.

Според Обвинителството, првообвинетиот во приватна порака преку социјалните мрежи им ги испратил фотографиите на тројца колеги, меѓу кои и второобвинетиот, кој понатаму фотографијата ја споделил и со уште двајца униформирани полициски служебници.

Извор: А1.он

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top