| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанската АНСА го објави писмото на 76 македонски и светски интелектуалци

Италијанската државна новинска агенција АНСА го објави писмото што предходно одби да го објави британскиот весник Гардијан.

Предходно Гардијан објави писмо на четириесетина европски и американски интелектуалци кои го поддржуваат договорот со Грција и лобираат за успех на референдумот за името но одби да го објави писмото одговор на 76 светски и македонски интелектуалци.

Во веста на АНСА се цитираат делови од писмото во кои се вели дека „Македонија е жртва на арбитрарен меѓународен инжинеринг против волјата на граѓаните и на асиметричен договор со Атина кој што нема да ги олесни регионалните тензии затоа што само послабата страна беше присилена на компромис“.

АНСА во извештајот забележува дека меѓу врвните интелектуалци кои што се потпишале на апелот се наоѓа и славниот писател Милан Кундера.

„Гардијан“ одби да го објави писмото на интелектуалци од светот предводени од Милан Кундера

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top