Со скандалозна изјава на социјалната мрежа Твитер, од својот официјален профил, претседателот на ЕТР (European for Tax Reform), Гантер Фехлингер напиша дека Македонија во иднина ќе биде дел од грчка Федерација.
Фехлингер напиша дека е потребно да се остави историјата во музеите за да биде добро подготвена за туристите, и да се искористи целата енергија да се трансформира Грција во Федерација како Соединетите Американски Држави, Канада, Германија, Австрија и да се осигура дека еден ден еден ден ќе има некој регион кој ќе биде нарекуван Јужна Македонија во Грчка Федерација во федерална Европска Унија.
Имено, тој во минатото работел како претседател на ЕДС од 1996 до 1998 година и 4 години како генерален секретар на Унијата за мали и средни претпријатија, група за застапување за мали бизниси на ЕПП. Фехлингер работи на Балканот од 2005 година како консултант за развој со фокус на економскиот развој и стратегијата за јавни субјекти.
Со овој јавен став и писание на Фехлингер се поставува прашањето, што се планира за иднината на Македонија со планот за промена на уставното име во Северна Македонија?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст