| четврток, 6 декември 2018 |

Браќата Климе и Јован Лотески ќе ја платат казната на родителот на Марко, но и му доделуваат стипендија од 500 евра годишно

„Ние, браќата Климе и Јован Лотески од Охрид, се восхитуваме на херојскиот подвиг на Марко Пејчиноски, чудо од дете. Јас Климент Лотески и мојот брат Јован Лотески уште утре спремни сме да ја платиме казната кои ја изрекле господата од Капетанија и Езерска Полиција од Охрид и ќе ја платиме. Воедно нашата фирма „Лоте Компани“ на младиот херој Марко ќе му врачиме една мала скромна награда во висина од 500 евра годишна стипендија, но спремни сме во секој поглед и понатаму да ги подржиме и спонзорираме сите пливачки натпревари на овој најголем човек на македонското пливање во историјата. И јас и брат ми од кога знаеме за себе сме во езерските води, но ваков херој како Марко се раѓа еднаш на 100 години“ велат тие.

Згрозен сум од срамниот чин на Капетанијата, но уште сме погорди што во последните години се роди дете, кое и покрај сите свои здравствени проблеми, успеа да го преплива Охридското Езеро, во временски услови во кој и најголемите маратонски имина се откажувале. Марко, ние брајката Климе и Јован Лотески, горди сме на тебе иако лично не те познаваме, но тебе и на твоето семејство, секогаш ќе Ви бидеме верни пријатели и секогаш од срце ќе помагаме за сите идни ваши потреби“, ќе истакне Климе Лотески сопственик на градежната компанија „Лоте“.

Финансиска помош за подобри резултати на 12 годишниот Марко Пејчиновски кој го преплива Охридско езеро пристигна и од Витаминка АД Прилеп. Оваа донација следи по информациите за храбриот потег на Марко, кој и покрај инфаркт на долните екстремитети успеа во својот подвиг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top