Црвените чевли кои Џуди Гарланд ги носеше во филмот „Волшебникот од Оз“ се појавија волшебно откако пред 13 години беа украдени од музеј во Минесота.
Станува збор за речиси најславните чевли во историјата на американскиот филм. Удирајќи трипати петица од петица, девојчето Дороти, јунак од филмската класика од 1939 година, ја остварува најголемата желба да се врати во домот во Канзас.
Но, во 2005 година чевлите беа украдени од музејот Џуди Гарланд во Гренд Репидс, нејзиниот роден град.
За нивното враќање беше понудена награда од милион долари, но нивната судбина остана мистерија сė додека ФБИ не објави вчера дека се пронајдени во добра состојба по долга истрага.
– Тоа е неверојатно, мислевме дека се засекогаш изгубени – рече Су Плејгман, претставник на музејот Џуди Гарланд.
Локалната полиција вели дека низ годините без успех следела многу траги, а потрагата по крадците и натаму е во тек.
Денеска постојат најмалку три идентични чифта чевли кои Гарланд ги носеше во „Волшебникот од Оз“.
Еден од нив е изложен во Музејот на американската историја во Вашингтон, кој во 2016 година собра над 300.000 долари за да ги врати во оригиналната состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст