| четврток, 6 декември 2018 |

Метеопатите на мака: Повремените дождови и разликите во температурата ќе ги мачат уште некое време

И понатаму временската состојба неповолно ќе влијае врз граѓаните па така и натаму кај дел од граѓаните можна е појава на главоболка, тежина на главата и на телото како и повремена нервоза а исто така е можна и несоница како и поспаност кај дел од граѓаните.

Наглите промени на временската состојба кај нас како на пример што се големите температурни разлики поточно: есенските минимални и летните максимални температури на воздухот го прават биометеото да е неповолно кај поголем дел од граѓаните со што овозможува истите да чувствуваат повремени здравствени потешкотии.

Ваквата ситуација ќе се задржи и во текот на следниот период што значи и натаму биометеото кај нас ќе биде релативно неповолно па граѓаните да бидат подготвени на ваквите здравствени проблеми.

Понатаму повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локален краткотраен дожд и услови за ретки грмежи.

извор: Славчо Попоски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top