Силен земјотрес го потресе градот Сапоро во северна Јапонија само неколку часа откако јужниот дел на земјата беше погоден од најголемиот тајфун изминативе 25 години.
Земјотресот со јачина од 6,6 степени е почувствуван 70 километри јужно од Сапоро на островот Хокаидо, информира Геолошкото истражување на САД (USGS), во 3.08 часот по локално време.
Жителите во градот се разбудиле од потресот разно изутрината, а зградите се треселе околу 20 секунди.По земјотресот снемало и струја.
Еден корисник на Твитер напиша: ,,Само што се разбудив од проклето силен земјотрес во Сапоро. Почувствував неколку и претходно и се уште се тресам како лист. Всушност, во моментов се случува и афтершок … ”
Првично земјотресот беше регистриран како земјотрес од 7 степени, но тоа беше намалено.Засега нема предупредување за цунами, поради длабочината од 30 километри.
Земјотресот следува по катастрофалниот тајфун што ја погоди Јапонија, во кој загинаа најмалку 10 лица, а повеќе од 100 се повредени.
Сапоро е главен град на префектурата Хокаидо со население од речиси два милиони луѓе
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст