| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Ивановиќ се породи пред пет месеци, а сега се појави во бикини (фото)

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ е една од најубавите спортистки на сите времиња. Иако престана да игра тенис, сепак уште е многу популарна на социјалните мрежи.

Таа е во брак со прославениот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, а пред пет месеци го добија синот Лука.

И иако пред пет месеци таа стана мајка, не требаше долго време за да се врати во форма, па реши да ги израдува своите фанови со фотографија во бикини.

„Не можам да верувам дека летото е речиси завршено“, напиша Ивановиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top