| четврток, 6 декември 2018 |

Бутел во сообраќаен хаос, граѓаните се прашуваат што прави градоначалникот!?

Жителите на Бутел секое утро од своите домови до работните места заглавуваат и по 40 минути на излезот на Бутел од Радишани, а со истиот проблем се соочуваат и кога се враќаат од работа на влезот на Бутел.

Сето ова се должи на општината Бутел и градот Скопје кој немаат ниту намера да соберат сили да го решат ова горливо прашање за граѓаните на овој дел од градот.

Секое утро нервозата на жители на општината Бутел е се поголема, а впечатокот е дека оваа општина нема градоначалник, ниту општинска власт.

Секое утро многу граѓани се на раб на инциденти поради големата нервоза која владее поради овој досега невиден сообраќаен хаос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top