| четврток, 6 декември 2018 |

Пет типа жени кои се „тепаат“ да го фатат бидермаерот

За многу немажени жени највозбудливиот момент на секоја венчавка е кога невестата го фрла букетот со цвеќе, односно бидермаерот. Некои веруваат дека тоа ќе им донесе среќа и дека во брзо време ќе се омажат.

Кои се петте типа жени кои се „тепаат“ за букетот цвеќе?

Дежурна

На полиците за книги дома има повеќе бидермаери отколку книги. Превозбудена е секогаш кога ќе дојде „тој“ момент. Таа сонува нејзиното момче со кое е девет години во врска конечно да ја побара за жена. Застанува најблиску до невестата, ќе се „лакта“ со сите други околу неа само да го фати бидермаерот. Ако треба, ќе го скрши нокотот, или пак уште полошо, забот, само цвеќето да заврши во нејзини раце.

Притаена

Иако толку многу сака да го каже тоа „да“, оваа дама, со ниту едно движење, поглед или пак став нема да ја открие својата намера. Ноншалантно ќе се придружи на другите девојки, неприметно ќе влета напред, ќе процени на која страна ќе падне цвеќето бидејќи веќе „снимила“ дека невестата е левучарка и благо ќе потскокне додека бидермаерот и паѓа пред раце.

Благодарама, ама, не благодарам

Оваа девојка ќе седи на маса и ќе ја гледа незаинтересирано претставата „која ќе го фати бидермаерот“. И кога букетот ќе падне случајно пред нејзе, ќе стане и ќе замине, без да го погледне.

Приморана

Сите и шепкаат на оваа девојка да  им се придружи на останатите немажени во борбата за букетот. Неволно ќе стане, ама ќе застане на страна чекајќи целиот цирус да заврши.

Профи

Оваа девојка веќе се има договорено со невестата нејзе да и го фрли букетот цвеќе. Таа на свадбата дошла со момчето кое сака да го натера да се омажи со неа. И глуми изненадување кога ќе го добие бидермаерот во нејзините раце.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top