| четврток, 6 декември 2018 |

Болните умови на пропагандната машинерија на власта повикуваат за убиство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски (ФОТО)

„Кил Миц

Можеби е најдобро Мицковски да се убие за секој случај: ако ги изневери вмроните, тоа ќе биде од корист за партијата, ако не ги изневери, тоа ќе биде од полза за Македонија!“

Овие зборови на омраза и повик за ликвидација на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, доаѓаат од еден од најгласните поддржувачи на СДСМ, поранешниот новинар Бранко Тричковски.

Тричковски, кој се смета за гласот на СДСМ и власта на Заев, ниту досега не се воздржувал да упати јавни закани и повици за ликвидација на членови, симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, но обвинителството, ниту Јавното ниту Специјалното, не собрале храброст да отворат случај по допрен глас.

Дали после ова ќе ОЈО ќе отвори случај за јавните закани и повици за ликвидација на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски или Бранко Тричковски спаѓа во групата гласноговорници на власта кои се над законот?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top