Натурализираниот Италијанец, Жоржињо кој летово од Наполи се пресели во Челси, во своето последно интервју признава дека му недостасува Неапол. Тој го следеше тренерот Маурицио Сари со кого успешно соработуваше во Наполи, а сега во Челси имаат добар почеток на сезоната.
– Разликата меѓу Премиерлигата и Серија А? Треба да го искусите тоа за да разберете, таму има тренинг центар со 38 фудбалски терени, мислам дека тоа зборува многу, вели Жоржињо.
– Серија А се уште е прекрасна и возбудлива лига која е гледана во целиот свет. Доаѓањето на Кристијано Роналдо е важно за лигата каде и јас би сакал да се вратам еден ден. Има разлика во ритамот на натпреварите и физичките дуели во Премиерлигата. Ми се допаѓа тоа, натпреварите се играат во високо темпо, вели тој и додава дека сепак му недостасува Неапол.
– Но, ми недостасува Неапол, тоа е прекрасно место. Ми недостасуваат сонцето, храната, пријателите, топлината на луѓето. Поминав фантастични години во Наполи и секогаш ќе го сакам тој тим, завршува Жоржињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст