На ридот Градиште, кај светиниколското село Градиште е откопана владетелска палата. Драги Митревски, професор на Институтот за археологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ни потврди дека археолозите изминатиот месец откопале нови остатоци од најстариот град на Балканот, Билазора. „Република“ беше во светиниколско Кнежје. Археолозите внимателно ги откриваа украсните камења, ѕидовите со фрески, кои се наоѓаа длабоко под земја, а кои потекнуваат уште од 5 и 4 век пред нашата ера.
-Годинава отворивме една многу поширока површина со бројни остатоци од веќе извесната репрезентативна градба и други делови од градот, кои сведочат за град со исклучителна економска и политичка позиција во овој дел од Балканот. Слободно можеме да кажеме дека тој е првиот, најстариот и најголемиотград, вистински урбан центар во внатрешноста на Балканот, надвор од хеленискиот свет.Така, на пример, уште во времето на таканаречената златна доба, на Перикле во Атина, ова не било пустелија како што кажуваат античките автори. Тука имало град, каде што имало цивилизиран урбан живот, кадешто се негувале вистински естетски уметнички вредности, град кој имал големо значење и улога на овој дел од Балканот. Вакви други градби во внатрешноста на Балканот не се познати. Ова за нас се значајни податоци за 5 и 4 век преднашата ера, едно многу рано време кога градовите се во никулци, кога, буквално, на Балканот и немало градови. Тоа е време кога во Атина се градел Акропол, но тој е за боговите, додека обичното население живеело во куќи изградени од непечена тула, на кои, како што велат изворите, со еден удар со нога можеш да им го урнеш ѕидот– вели професорот.
На кнежевското градиште (Билазора) се гледаат остатоци од една многу репрезентативна градба. Професорот раскажува дека на почетокот се сметало дека можеби се работи за светилиште, култен комплекс. Но, ископувањата покажале нешто сосема друго. Откриени се повеќе одделенија покриени со фрески, декоративна пластика, столбови, влезови, репрезентативни влезови, централен кружен дел, како централна просторија на целиот тој дел. Професорот смета дека сето тоа зборува за владетелска палата. Биле откопани и многу стрели, што веројатно говори и за нападите над владетелот.
-Ако е така,тогаш Билазора се потврдува не само како најголем пајонски град туку и како престолнина на независните пајонски владетели- додава археологот.
Разговараше: Билјана Зафирова
Фото: Александар Ивановски
Репортажата за Билазора, како и повеќе фотографии од најстариот град на Балканот се објавени во 45. број на неделникот Република, кој од денеска (12.7.2013) е во продажба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче: Завршниот извештај за смртта на родилката од Свети Николе го очекуваме идната недела
-
Археологот кој бил инспирација за ликот на Индијана Џонс пристигна во Македонија
-
Тешка сообраќајна несреќа во Свети Николе
-
Потресно сведоштво на полицаецот од Свети Николе: Активисти на СДСМ ми ја каменуваа куќата, ме тепаа и ми ја демолираа колата (ВИДЕО)