Вчера околу 21 часот, Д.К. (42) од село Пирок, тетовско, пријавил дека враќајќи се со возило од Скопје кон Тетово, во месноста „Глумово“, бил запрен од четворица полициски службеници.
Тие, според пријавеното, најпрво го легитимирале него, неговата сопруга и неговата баба, а потоа побарале да го отвори багажникот и физички го нападнале. После тоа, Д.К. бил приведен и еден час бил задржан во Полициско одделение Сарај.
Откако бил пуштен, тој побарал лекарска помош во тетовската клиничка болница, каде бил задржан за натамошно лекување.
За настанот веднаш бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи. Се преземаат интензивни мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст