| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец измамен за 2 000 евра: Платил за нови прозорци, мајсторот не може да го најде

 

Вчера околу 13 часот Полициска станица Карпош, М.А. (32) од Скопје пријавил дека на 13 јули во кафе бар лоциран на булевар “Партизански одреди” од страна на лицето Р.К. (56) од Скопје му била извршена измама од 123.000 денари.

Имено пријавителот се договорил со лицето Р.К. за извршување на занаетчиски работи, односно поставување на алуминиумски прозори во објект, истиот го довел во заблуда и на пријавителот му наплатил 2.000 евра, како аванс за изработка и до 01 август требало да ги постави прозорите, но истиот ниту постапил по договореното, а ниту пак се јавува, како и избегнува да стапи во контакт.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top