| четврток, 6 декември 2018 |

Зиков: Вештачењето од 2.500 евра што СЈО го платило на ЕОС консалтинг е преседан

Пред да почне да ја образложува својата жалба за предметот “Тенк”, бранителот на Ѓоко Поповски, Стерио Зиковм му соопшти на судот да го има предвид фактот што за вештачењето на „мерцедесот“ СЈО ѝ платило 2.500 евра на фирмата ЕОС консалтинг. Тоа за Зиков е трагедија бидејќи тој учестввуал во многу вештачења и обично ги плаќал по стотина евра.

-Треба јавноста да се заинтересира за ова, и наскоро да помине ревизија во СЈО. Тој што води сметка за други јавни набавки, треба да поведе сметка и за своите, рече адвокатот Зиков.

За бранителот Стерио Зиков пресудата за Ѓоко Поповски за набавката на „мерцедесот“ е сурова. Според него, можело да се оди на варијанта повреда на чл. 232 за повреда на прописите за јавни набавки и да се донесе поблага казна. Исто така, СЈО не успеа да ја најде и презентира електронската преписка помеѓу МВР и „Мак Аутостар“.

-Да, постојат преписки помеѓу овие два субјекта, но тие се одвивале нонстоп, за резервни делови, гуми итн. За главната преписка со која СЈО го обвини Поповски за предвремена нарачка на блиндираното возило, не постојат докази. Едноставно таа содржина ја нема, рече Зиков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top