| четврток, 6 декември 2018 |

Силјановска: Животот во Македонија дојде само за еден привилегиран слој на граѓани

Професорката Гордана Силјановска во своето гостување на телевизија Алфа во емисијата Отворено, ја коментираше малата посетеност од страна на граѓаните на пропагандните настани организирани од владата во врска со престојниот референдум за промена на името. Таа како главна причина го наведува ветениот ,,живот’’ на СДСМ, односно партискиот слоган кој изминативе година и повеќе не стана реалност во Македонија.

-Сигурно дека после месеци си велат тие – Чекајте, да видиме што стана со животов? Дали е навистина подобар животот? Е сега тие со беџовите велат, ги убедуваат да гласаат за Европска Македонија, вели Силјановска.

Професорката заклучи дека животот во Македонија дојде само за еден привилегиран слој на луѓе, а граѓаните секојдневно се сведоци на тоа.

-Животот дојде само за еден привилегиран слој, луѓето тоа го гледаат, истакна таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top